[0:03]Продолжуваме со видеата наменети за средношколци од гимназиско образование кои го слушаат предметот психологија. Јас сум Николина Ивановска Котевска, работам во средното училиште Никола Карев, Ѓорѓи Димитров и средното стручно училиште Здравко Цветковски. Денешната тема, темата на ова видео е стрес. Што претставува стресот? Стресот е реакција на нарушена хомеостаза на организмот којшто реагира во адаптација на промената која што му се јавила за повторно да се врати во првобитната, односно нормалната состојба, онаа состојба која што нашиот организам ја имал пред појава на стресорот. Поради тоа научниците го дефинираат стресот како реакција на организмот на надворешни влијанија или како општ адаптациски синдром. Причини за појава на стрес се многу и ако сите сме насочени кон негативните извори на стрес постојат и позитивни причини на стрес. Причинителите за стресот или факторите кои придонесуваат организмот да дојде во состојба на стрес, се нарекуваат стресори. Стресорите најчесто имаат психолошка природа и се непријатни, но и пријатни настани кои што се случуваат ненадејно и ја ставаат личноста во голема неизвесност и во многу неповолна ситуација со чувство дека не може да ги контролира и да се справи со случувањата. Некои од позитивните на пример стресори, причини за стрес се организирање на нашиот роденден, организирање на свадба, раѓање на дете и така натака. Негативни стресори може мал милион да набројуваме, еве нешто што е актуелно во последнава година како најголем стресор, најзастапен стресор во популацијата е коронавирусот. Оние стресори кои што се најзастапени во психолошката литература се психолошките конфликти и фрустрациите, за фрустрациите ќе зборуваме некоја минута подоцна. Кога станува збор за психолошки конфликт е исклучително важно да напоменеме дека станува збор за конфликт на мотиви во нашата личност, па оттука постојат и три вида на психолошки конфликти. Тоа се конфликт на двојно привлекување, конфликт на двојно одбивање и конфликт на привлекување и одбивање. Што би значело конфликт на двојно привлекување? Може да станува збор за повеќе мотиви, но ние во овие примери ќе зборуваме за конфликт помеѓу два мотива. Конфликт на двојно привлекување е кога две нешта не привлекуваат, а ние во зависност од ситуацијата сме приморани, односно нашите животни околности налагаат дека ние треба да избереме еден од нив. Конфликт на двојно привлекување е на пример кога се подготвуваме за нашата матурска забава ни се допаѓаат два фустани и зелен и црвен, а ние треба да се одлучиме само за еден од нив. Конфликт на двојно привлекување е кога привлекуваат да речеме двајца две личности од спротивниот пол, а ние треба да се одлучиме за една. Во секој случај конфликтите на двојно привлекување се предизвикуваат нај мали психолошки последици врз личноста за разлика од останатите други два вида на конфликти. Следниот е конфликт на двојно одбивање и би значело дека станува збор за две работи, два мотива кои што не одбиваат, кои што не ни се допаѓаат, а ние што би рекол македонскиот народ треба од двете зла да го избереме помалото. Конфликт на двојно одбивање е на пример кога закажуваме да речеме тест по одреден предмет, еве тест по предметот психологија, ние не сме спремни за тестот, не сме читале и имаме две опции, или да се појавиме на час и да добиеме ниска слаба оцена, или да избегаме односно да не се појавиме на час и да добиеме неоправдан изостанок, па од овие две зла да се одлучиме и да го избереме помалото. Оној кој што навидум по насловот изгледа наједноставен, но остава најсериозни последици по личноста, тоа е конфликт на привлекување и одбивање и тука најчесто станува збор за два или повеќе мотиви кои што се поврзани за една работа. Конфликт на привлекување и одбивање е кога едно нешто и не привлекува и не одбива.
[5:03]Па ние се наоѓаме во еден затворен круг каде што одиме три чекора напред, два назад, пет напред, шест назад. Пример за конфликт на привлекување и одбивање на пример кога се наоѓаме во некоја врска, љубовна, романтична врска, има многу работи кои што ни се допаѓаат и не привлекуваат кај личноста и сè тие се причините за кои што ние сме со неа, но има и работи кои што не ни се допаѓаат и не одбиваат. Често се случува во внатре во во браковите да има појава на конфликт на привлекување и одбивање, да речеме дека станува збор на пример за семејно насилство, еве психичко семејно насилство и тоа е тоа што не одбива, но има мал милион причини кои што не привлекуваат. Деца, сепак личноста може кога е вон афектите да се однесува добро и соодветно со нас и така натака и сите овие нешта кога ќе се стават во збир и кога ќе се стават во во во едно заедничка конотација ја држат личноста во одредена ситуација каде што едноставно трае со години и секојдневно се нанесуваат одредени психолошки трауми. Следниот од причините за стрес се фрустрациите. Фрустрацијата всушност претставува пречка до остварување на одредена цел. Значи се што ќе ни застане на нашиот пат кон одредената цел која што ја имаме, нешто што ни предизвикува фрустрација. Фрустрациите можат да бидат од лична природа и може да бидат од социјална природа. Од лична природа се оние коишто зависат директно внатрешно од нас.
[6:58]Од социјална природа се оние коишто не толку зависат од нас, но повеќе зависат од социјалната средина. Фрустрација од лична природа е на пример доколку јас имам цел во животот да сакам да бидам позната пејачка, естраден уметник, а немам талент и немам слух да пеам. Значи тоа ми е пречка да јас станам позната пејачка и тоа е фрустрација од лична природа, во мене е недостатокот, јас немам талент. Фрустрација од социјална природа е на пример токму ова што сега ни се случува во сегашнава ситуација. Значи ние како единка не можеме да влијаеме на глобално ниво што се случува со пандемијата. Можеме да бидеме само одговорни за нас, не можеме да контролираме како другите ќе се однесуваат, а факт е дека ситуацијата во која што се наоѓаме ние и текаква пречка за плановите кои што сме ги имале да ги оствариме и за да ги да ги реализираме во овој период од нашиот живот. Тука ве покануваме оние коишто не сте го посетиле нашиот Јутуб канал и нашата Фејсбук страна Македонска средношколска психологија да го сторите тоа. Тука се наоѓаат сите лекции, сите наши воннаставни активности, многу техники за справување со конфликти, техники за справување со емоции, техники за личен раст и развој. Ви благодарам на вниманието.



